Статут

СТАТУТ

НА ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Либералната партија на Македонија (во понатамошниот текст: партијата, ЛП) е политичка партија во која граѓаните слободно се здружуваат поради:

а)   остварување на своите граѓански, политички и економски слободи и права;

б)   ширење и остварување на либералните политички, економски, социјални, културни и други интереси и уверувања;

в)   учество во постапката за избор на претседател на Републиката, пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалници и членови на советите на единиците на локалната самоуправа, и

г)   освојување на власта.

Член 2

Името на партијата е “ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА”.

Скратеното име на партијата е “ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА”.

Кратенката на партијата е “ЛП”.

Седиштето на ЛП е во Скопје, на адреса: улица “Јуриј Гагарин“ број 67, Скопје.

ЛП има свој печат во кружна форма со натпис: “Либерална партија на Македонија – Скопје”, а во средината на печатот е аплициран заштитниот знак на ЛП.

ЛП има свој штембил во правоаголна форма што содржи натпис во два реда со големи букви: “Либерална партија на Македонија”, простор за број, за датум и во следниот ред „Скопје“.

Член 3

ЛП има свој заштитен знак, знаме, партиска химна и партиска легитимација.

Заштитниот знак на ЛП е стилизиран делфин опишан со темно сина и жолта контура што влегува во жолта ѕвезда со сина контура позиционирана лево од делфинот, а под него стои права темно сина линија во која со стилизирани букви на кирилично писмо пишува „Либерална партија“, а до нив со стилизирани букви на латинично писмо е испишано „ЛП“.

Знамето на ЛП има правоаголна форма и е со бела боја, а во него е аплициран заштитниот знак на ЛП.

Содржината на партиската химна ја утврдува Централниот комитет на ЛП.

Формата и содржината на партиската легитимација ја утврдува Извршниот комитет на ЛП.

Член 4

ЛП има својство на правно лице.

ЛП е самостојна во утврдувањето на своите цели и во организирањето и спроведувањето на своите активности утврдени согласно овој Статут.

ЛП ги остварува своите права и должности согласно Уставот на Република Македонија, законите, позитивните правни прописи и овој Статут.

Целокупниот текст на Статутот на Либералната партија на Македонија донесен на Единаесеттиот конгрес на ЛП, одржан на 26 април 2015 може да го прочитате на следниот линк во PDF формат.