Поврзани Статии

2 Comments

  1. 1

    Илија Колев Радовиш Македонија

    Точно е тоа што сте го увиделе, но има и уште многу. Но, под услов и да направите се да биде подобро уредено, неможете да добиете резултат, бидејки сето тоа е предизвикано од нешто што не функционира како што треба. Еве како треба да се реши проблемот………………………………………………И Д Е О Л О Г И Ј А

    ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНИТЕ СИЛИ ЗА
    УТВРДУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕДОСТАТОКОТ
    НА КАПИТАЛИСТИЧКИОТ СИСТЕМ

    УТВРДУВАЊЕ И ИСПРАВАЊЕ НА ПОГРЕШНИТЕ ТЕЗИ

    1. Дека, само парите се капитал. Да објаснам што е условот за да се нарече некој за капитал. Условот е да тој некој, е чинител на работата, да биде влезен во работа и да има обезбедено право да учествува во крајниот резултат од работата. Чинители на работата се и трудот и парите, други нема, тие се единствени. Значи штом чинителот на работата не го исполнува условот да учествува во крајниот резултат од работата, тогаш тој неможе да се нарече капитал, туку само потенцијал да стане капитал. Во колку некој чинител е земен во работата, а не му е дозволено да учествува во крајниот резултат од работата, тој се третира за стока, добива само цена од неговиот пазар.

    2. Дека, вложениот труд е нешто поразлично од вложените пари, поточно дека тој нее вложување што има вредност. Одговорот на ова теза е, дека тоа важи само кога не се ангажира туѓ труд. Бидејки ако е така, тогаш зошто при купувањето на трудот се плаќа цена ? и се настојува да се таа цена признае преку крајниот пазар од купувачите. Тоа е доказ дека трудот во работата влегува со вредност во висина на цената, која е најблиска до стварната вредност. Разликата помеѓу парите и трудот е во тоа што парите веќе ја имаат вредноста, а трудот ја стекнува во текот на работата. Или дека, парите се веќе опредметен труд, а трудот е во тек на опредметување во пари.

    3. Дека, крајниот резултат од работата е заслуга само на вложените пари. Како може да се тврди такво нешто кога= работата ја праваат и трудот и парите, како неразделни, потоа кога и трудот и парите имаат вредност, што им претставува влог, и што таа вредност е условот за создавањето на резултатот од работата, а со тоа и крајниот резултат од работата.

    4. Дека, сопствениците на парите /газдите/ кога го употребуваат профитот за инвестирање со тоа ја подобруваат состојбата и овозможуваат развој. Погрешно присвоениот дел од крајниот резултат од работата, што им следува на работниците, а го присвојуваат газдите, доведува да не се истроши понудата што е веќе создадена и одговара на тој дел, а при неговото инвестирање, и тој учествува во создавање на подобар краен резултат од работата, од кој ќе произлезе повеќе создадено нова вишок на понуда. Кога тој дел што им следува на работниците, отиде кај нив, неговата намена е за лична потрошувачка, а кога отиде кај газдите тие го пренаменуваат за инвестициона потрошувачка. Значи, создаденото со намена за лична потрошувачка останува непотрошено, се зголемува се повеќе и повеќе и тоа е всушност вишок на понуда која предизвикува појава на криза.

    5. Дека, од таквиот принцип на работа произлегува развој. Самата појава на криза, е доказ дека тој принцип на работа е погрешен. Состојбата на криза се знае дека е резултат на вишок на понуда, и дека предизвикува сиромашење на работниците, што е оригинален доказ дека тој вишок на понуда е погрешно одземениот дел на работниците што им следува /како право/ од крајниот резултат од работата. Тие нивни пари што не ги добиваат, за толку неможе да се истрошува веќе создадена понуда за лична потрошувачка. Таа понуда се уништува и тоа е начинот на сиромашењето на работниците.

    6. Дека, снижувањето на цената на трудот е условот за успешна конкуренција и развој. Тоа нее точно, бидејки намената на тоа што се создава е за тие што го создале, во најмала мера, во рамките на тоа што го вложиле. Во колку и од тоа се отстапува, што е можно поради развојот на науката и техниката, која придонесува на замената на трудот, тогаш решението е смалуванје на работното време за трудот. Значи, учеството во крајниот резултат од работата и на двата чинитела на работата- трудот и парите, согласно нивниот влог од вредност, е нужност што произлегува како потреба за правилно функционирање на системот. Кога таа нужност нее задоволена, што е случај со сегашниот капитализам, се добива резултат каков што го имаме а тоа е= кризи, војни, сиромаштија, невработеност, раслојување, расселуванје и др.
    7. ЗАКЛУЧОК= Исправната градна на општествениот систем, кој за дадените услови е капитализам, е прифаканје на нужноста и двата чинитела на работата, покрај цената добиена од своите пазари, за трудот остварена плата, за парите остварена камата, да учествуваат и во крајниот резултат од работата согласно на влогот од вредност со кој учествуваат во работата. Тоа е, за трудот /работниците/, вложениот труд во вредност на остварената нето плата, а за парите /газдите/ вложените сопствени и кредитни пари упросечени на ниво на пресметковен период.

    Reply
    1. 1.1

      ЛП

      Господине Колев,
      Ви благодариме за коментарот.
      Сепак, сакаме да потсетиме дека досегашната историја (во економијата и општествено-политичките процеси) покажа дека до овој момент како најфункционален економски систем распространет ширум светот е пазарното стопанство и капитализмот.
      Притоа, цената на трудот меѓу другото, на работникот му се компензира со плата. Секако, разликите меѓу вреднувањето на трудот од страна на работодавецот и очекуваното од страна на работникот секогаш (ќе) постојат. А тие се предмет на договарање (меѓу работодавците и работниците), што државата го штити со правно уредување и гарантирање на минимум усогласените стандарди (колективни договори и сл.)

      Reply

Остави порака

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *