Програмска декларација

ИМА НАДЕЖ: ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА. ПРЕПОЗНАЈТЕ СЕ!

LP znak4

1. Мисија на Либералната партија: ДОСЛЕДНИ НА РЕФОРМСКИОТ ЛИБЕРАЛИЗАМ

И во третата деценија ние, ЛИБЕРАЛИТЕ, сме доследни на основните принципи што како граѓани, недвосмислено ги реафирмиравме во деведесеттите години од минатиот век бидејќи ги чувствуваме за свои: демократија и плурализам, пазарна економија и владеење на правото што гарантира остварување на човековите и граѓанските права и слободи…

Сметаме и дека состојбите и предизвиците што Македонија ги преброди од прогласувањето на независноста и оние тековните, потврдуваат дека младата демократија беше и е дорасната да продолжи да егзистира и да се развива.

Но, не премолчуваме факти и признаваме дека многу од овие состојби и предизвици можеа да се спречат, пред проблемите да ескалираат.

Бидејќи минатото не се менува, како одговорни луѓе сакаме да ја подобриме сегашноста и да моделираме просперитетна иднина за секого поединечно и сите нас заедно.

Не веруваме во лажните флоскули дека секому му следува според потребите, а секој пружа според можностите. Едноставно, не (се) залажуваме со држава што секому еднакво му пружа и му пружа недоволно.

Затоа, ги реафирмираме принципите на кои сме формирани: реформски либерализам според социјал-либерална платформа. Притоа:

– ја потврдуваме нашата улога во градењето и трасирањето на државата и граѓанското општество во минатите две децении;

– ги прифаќаме успесите за позитивните процеси во државата и во локалната средина, но и одговорноста за неуспесите…

… пропорционално на застапеноста во органите на одлучување во минатиот период.

Целокупната Доктрина „ПРЕСВРТ 2018“ – Програмска декларација на ЛП е достапна во PDF на овој линк.